Бартомеу: Сетиен останува, не го купуваме Нејмар

Престедателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, вели дека Кике Сетиен останува на тренерската позиција во клубот додека каталонскиот состав летово нема да го купува Нејмар. Овие детали доаѓаат од интервјуто на првиот човек на Барса во кое исто така зборуваше и за ВАР системот и за останувањето на Лео Меси во „Камп ноу“.

„Сетиен ќе продолжи да работи. Не жалам за отказот на Валверде. На тимот му требаше нова енергија. Сетиен ја знае нашата ДНК и воведе свежина и нови идеи. Се разбира дека тренерите се оценуваат според резултатите, но јас сум задоволен од ефектот на тимот“ – вели Бартомеу.

Што се оденсува до трансферот на Нејмар од Пари Сен Жермен, претседателот на Барселона вели дека со оглед на големиот удар што го претпреа клубовите поради кризата предизвикана од корона вирусот, многу е извесно дека таков трансфер летово нема да се случи.

„Операцијата Нејмар е очигледно тешко изводлива со оглед на тешката ситуација во која се наоѓаат клубовите во Европа“ – констатира претседателот на каталонците.

 

Се вчитува...