Бартомеу: ВАР-системот во Шпанија работи само за еден клуб, за другите е во дефект

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу смета дека Реал Мадрид има огромно помош од ВАР-системот на патот кон титулата во Шпанија.

Судиите во последните пет кола досудија пет пенали за Реал, што очигледно му смета на Бартомеу кој нагласува дека имало и очигледен пенал за Атлетик Билбао на вчерашниот натпревар но тоа ‘ВАР-системот’ не го регистрирал.

„ВАР-системот не е коректен баш за сите шпански клубови. Секогаш работи само за еден клуб. За другите како да е во дефект“ – истакна Бартомеу.

До крајот на Ла Лига останаа уште четири кола, а Реал Мадрид има четири бода повеќе од Барселона.

Се вчитува...