Бартомеу закажа претседатеслки избори во Барселона за 15 март следната година

Барселона е во сериозна криза и навивачите бараат промена на раководството. Но, претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу планира да помине со „главата“ на тренерот Кике Сетиен и закажа избори за 15 март следната година, само неколку месеци пред редовниот термин за претседателски избори во клубот.

Бартомеу очекува дека ситуацијата делумно ќе се смири со избор на нов тренер, а негова прва опција е селекторот на холандската фудбалска репрезентација и клупска легенда на каталонскиот тим, Роналд Куман. Сепак, тој претходно ќе треба да го раскине и актуелниот договор со Фудбалската федерација на Холандија кој има важност до завршувањето на Европското првенство.

Се вчитува...