Арменд Алими стави крај на својата богата фудбалска кариера, а неговиот матичен клуб Башкими му приреди убаво збогување.
Кумановскиот прволигаш денеска пред мечот со Шкендија Арачиново му подари дрес на Алими како симболичен подарок и благодарност за сè што направи за клубот во текот на кариерата.
Алими е фудбалер кој своите први чекори ги направи токму во Башкими, каде што настапуваше од 2005 до 2007 година. По повеќе од една деценија, тој се врати во својот матичен клуб во 2025 година и помогна во неговата прва сезона по враќањето во македонската елита. Минатата сезона забележа 27 настапи во Првата македонска фудбалска лига.
Во богатата кариера, 38-годишниот фудбалер настапуваше и за Милано, Истра 1961, Оребро, Неа Саламис, Ермис, Шкендија, Работнички и Беса 1976. Посебен печат остави во дресот на Шкендија, каде што помина повеќе сезони и се промовираше во еден од лидерите на екипата.
Алими има и 14 настапи за репрезентацијата на Македонија, со што зад себе остава кариера исполнета со настапи на домашната и меѓународната сцена.
Претходно Алими доби дрес и од тетовска Шкендија, каде настапуваше долго време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
