Басконија го официјализираше доаѓањето на уште едно засилување од НБА, потпишувајќи двегодишен договор со канадскиот бек Еј-Џеј Лосон, кој ќе остане во Шпанија до летото 2028 година.
Лосон игра на позицијата бек-шутер и е висок 198 сантиметри. Во текот на својата кариера, тој забележа 107 настапи во НБА, каде што играше за Минесота Тимбервулфс, Далас Маверикс и Торонто Репторс.
Тој пристигнува во Басконија по многу добра сезона во Торонто. Поголемиот дел од претходната сезона го мина во развојната „Џи“ лига, играјќи за Репторс 905, но доби шанса и во НБА тимот.
Одигра 24 натпревари за Репторс и оствари просек од 4,2 поени и 1,8 скока за 9,4 минути на теренот, при што имаше одличен процент на шут за три поени од 42,2 отсто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
