Батлер во последната секунда му пресуди на Бостон, Вашингтон сигурен против Индијана

Чикаго дојде до победа против Бостон со поени на Џими Батлер во последната секунда, додека Вашингтон славеше против Индијана во синоќешните два натпревари од НБА лигата.

Вашингтон на гости славеше против Индијана со 111-98, во меч во кој сите кошаркари од првата петорка на Визардс имаа двоцифрен ефект. Ото Портер запиша 25 поени, а го следеа Морис со 21 поен, Џон Вол кој имаше „дабл-дабл“ од 20 поени и 12 асистенции. На висина на задачата беа и Бредли Бил со 19 поени и Гортат со 12 поени и седум скока. Кај домашните Тарнер постигна 17 поени.

Чикаго во „Јунајтед центарот“ славеше против Бостон со 104-104, со поените од слободни фрлања на Џими Батлер во последната секунда. Батлер дуелот го заврши со 29 поени и седум асистенции. Ист учинок на спротивната страна имаше Ајзеа Томас.

Се вчитува...