Баварците не победија ниту против Штутгарт (ВИДЕО)

Баерн Минхен одигра 2-2 на домашен терен против Штутгарт во натпревар од претпоследното 33. коло во германската Бундеслига. Гостите изненадувачки стигнаа до водство од 1-0 со голот на Томас уште во осмата минута.

Баварците израмнија на 1-1 со автоголот на Мавропанос во 35. минута, додека до крајот на првиот дел направија целосен пресврт преку Томас Милер во 44. минута (2-1). Сепак, со голот на Саша Калајџиќ во 52. минута Штутгарт успеаја да стигнат до бод на гостувањето на „Алијанц арената“ (2-2).

 

 

Се вчитува...