Герет Бејл и натаму продолжува буквално да се мајтапи со Реал Мадрид и Зинедин Зидан.
Велшанецот е отпишан од страна на францускиот стратег, Реал без него ита кон титула, па Бејл се одлучи револтот да го искажува со максимално непочитување кон клубот и Зидан.
Пред неколку дена спиеше на клупата за резервни фудбалери, е синоќа повторно привлече внимание со своите постапки на клупата. Навивачите на Реал се се повеќе бесник, уверени дека ова е огромно омаловажување на клубот едвај чекаат негово заминување. Но, на Бејл не му се брза со платата која е поголема од 20 милиони евра по сезона и договор до 2022 година.
¿Es este vuestro ídolo? pic.twitter.com/NmBpdbfnkq
— DjMaRiiO (@DjMaRiiO) July 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА