Бејл како Роналдо – Влезе како замена и му донесе три бода на Тотенхем (ВИДЕО)

Герет Бејл е херојот на Тотенхем и Жозе Мурињо откако го постигна победничкиот гол во триумфот над Брајтон од 2-1. Велшанецот влезе во 70. минута, а само три минути подоцна беше херој за лондонскиот тим.

Претходно, Тотенхем преку Кејн од пенал поведе со 1-0, додека по една крајно дискутабилна одлука Брајтон преку Лампти израмни на 1-1.

Со победата Тотенхем се искачи на втората позиција на табелата со 14 бода, два помалку од лидерот Ливерпул, додека Брајтон останува 16. со пет бода.

 

 

 

Се вчитува...