Екс-фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл го одигра своето деби во новиот клуб Лос Анџелес, тим кој со 2-1 слевеше над Нешвил.
Велшанецот влезе во игра на дваесет минути пред крајот на натпреварот, а по натпреварот се пожали дека условите за играње биле тешки и дека ќе му треба време да се навикне на стилот на игра на тимот.
„Влажноста беше многу голема, дури и за време на загревањето. Тоа е нешто на што не сум навикнат. Навистина не можете да ја видите топлината на ТВ. Во однос на стилот на игра, не би рекол дека е поинаку. Треба само да се навикнеш на филозофијата на тимот“, изјави Бејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА