„Бејтулаи не е повикан поради слаба форма“

На списокот на селекторот Благоја Милевски за септемвриските квалификации не се најде Егзон Бејтулаи, стандардниот дефанзивец на Шкендија кој редовно беше повикан од екс-селекторот Ангеловски, а своевремено беше дел од младинската селекција под водство на Милевски.

Како што објасни Милевски, отсуството на Бејтулаи се должи на слабата форма што дефанзивецот ја покажал на натпреварите во дресот на Шкендија.

„Бејтулаи е на поширокиот список на репрезентативци, но јас не сум задоволен од моментната форма што ја покажува. Ги следев сите средби на Шкендија, како на европската, така и на домашната сцена и тој не беше на посакуваното ниво. На таа бековска позиција на која го планирам Егзон, тука се Стефан Ристовски и Тодоровски, кои во моментов се во подобра форма. Тоа не значи дека Бејтулаи е избришан, истото се однесува и за напаѓачот Влатко Стојановски, ако не се планирани за овој собир не значи дека нема да бидат повикани за октомври. Од нив самите зависи и од формата во која се наоѓаат“, истакна Милевски на денешната прес-конференција.

Се вчитува...