Бек од Словенија го засили Металург

Александар Шпенде е ракометарот од кого се очекува да помогне Металург да излезе од резултатска криза откако македонскиот вицешампион денеска потпиша договор со овој словенечки интернационалец.

Станува збор за ракометар што на почетокот од овој месец дојде во Скопје и одржа неколку тренинзи со Металург, задоволувајќи ги вкусовите на стручниот штаб на чело со тренерот Брестовац. Преговорите околу финансиските детали се одолговлекоа, за денеска и официјално да биде постигнат договор, па Шпенде да потпише со Металург до крајот на сезонава.

Словенецот настапува на бековската позиција и ќе претставува замена за Филип Кузмановски, кој на самиот старт на сезоната си замина од Автокоманда потпишувајќи договор со Работник.

Се вчитува...