Бекер: Не би можел повторно да бидам тренер на Ѓоковиќ

Борис Бекер е изненаден од одлуката на Новак Ѓоковиќ да го прескокне Мастерсот во Мадрид.

По поразот во полуфиналето во Монте Карло, светскиот рекет број еден реши да не игра ниту во Шпанија, па се очекува да се врати на терените во мај во Рим.

Новак пролетва раскина со Горан Иванишевиќ, но Бекер вели дека не би бил подготвен повторно да соработува со Новак доколку тоа го побара српскиот тенисер.

„Мислам дека сега бара нешто поинакво. Не сум сигурен дека ни тој знае точно што е тоа. Секогаш ќе ми биде близок пријател, секогаш зборуваме за тенис. Но, не можам повторно да бидам негов тренер. Тоа би било чекор назад“, вели Бекер.

Се вчитува...