Беќири: Договорот ми завршува за еден месец, ќе има разговори со Шкендија

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири ги отфрли шпекулациите дека после Куп финалето ќе замине од клупата на Шкендија.

Тој на прес-конференција по мечот напомена дека ќе го води тимот и против Вардар последното коло, а потоа ќе седне со раководството каде што ќе разговараат за понатамошните чекори.

„Ме чудат написите што некои портали шпекулираат со тоа. Шкендија е сериозен клуб, и како таков има планови како понатаму, ние разговараме, чекаме да заврши последниот натпревар и како сериозен клуб ќе излеземе со констатација. Нормално мене ми завршува договорот после еден месец, и потоа ќе седнеме и ќе разговараме и ќе донесеме одлука“.

Се вчитува...