Јетон Беќири, тренерот на Шкендија зборуваше по дербито со Вардар во кое неговиот тим победи со 1-2. И покрај тоа што истакна дека немал намера да го коментира судењето, сепак, кажа дека чувствувал дека истото било тенденциозно, особено во одлуката да биде повторен пеналот со кој Вардар стигна до израмнување.
Беќири упати апел до надлежните органи, да внимаваат во ваквите ситуации, затоа што клубовите многу вложуваат за некој судија да го, како што рече, „одземе целиот труд“.
„Да не победевме денеска, немаше да зборувам за судењето. Но, важно е сите да знаат дека Шкендија е голем клуб. Тоа е сериозен проект, имаме сопственик кој вложува, и судија или група на судии не може да дојде и да го одземе целиот труд. Во некои моменти му даваме елементи на судијата да не казнува. Јас сум многу загрижен и сакам да упатам апел до надлежните органи на делегацијата на судии и контролори, да бидат повнимателни во овие ситуации, бидејќи станува збор за многу големи инвестиции, се зборува за дерби натпревар, а судењето беше многу непријатно во текот на целиот натпревар. Чувствував дека не е рамноправно, имаше тенденции, особено моите сомнежи се за повторување на пеналот“, рече Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА