Десниот бек на Барселона, Хектор Форт е пред трансфер во Борусија Дортмунд, објавуваат германските медиуми.
20-годишниот Форт смета дека трансферот во Дортмунд за него би било полн погодок за да напредува во кариерата, откако тешко наоѓа место во првиот тим на „Каталонците“ поради големата конкуренција. Дополнително, заминувањето на Форт е извесно по промоцијата на Жоао Кансело.
Иако за него има неколку понуди, сепак, Форт има само една цел – да игра за Борусија Дортмунд. Тој имал понуди од шпански екипи, како и од италијанската Рома, и сите ги одбил само да настапува за тимот на „милионерите“.
Во следните неколку дена би требало да се случи и официјалната промоција на Шпанецот во таборот на „милионерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
