Беласица го доведе Антонио Каланоски

Новиот македонски прволигаш Беласица е мошне активен во составувањето на ростер кој ќе настапува во Првата лига. Најново засилување за струмичкиот тим е Антонио Каланоски.

Фудбалерот за врска потпиша едногодишена договор со повратникот во елитата. Каланоски претходно беше член на второлигашот Лабуништа, а во кариерата има настапувано и за Струга ТЛ, Борец, Силекс, Младост ЦД, Еуромилк, Металург, Напредок…

Беласица претходно се засили со Бразилецот Робсон да Силва и со Арбен Тафа.

Се вчитува...