Беласица го назначи Стојанов на местото на Стојанов

Од денеска Панче Стојанов ќе ја води екипата на Беласица, откако пред два една струмичкиот второлигаш спогодбено се раздели од Александар Стојанов.
Панче Стојанов е добро познат на македонската фудбалска јавност во земава и како играч и како тренер. Како тренер ja предводеше некогашната Академија Пандев, а во поново време беше помошен тренер, а и шеф на стручен штаб на АП Брера.
Како играч настапуваше за Беласица, Силекс, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Беласица има амбиции да се бори за прволигашки статус идната сезона.

Се вчитува...