Беласица го промовираше и голманот Силјановски

Новиот прволигаш Беласица официјално го промовираше и најновото засилување за новата сезона, голманот Дејан Силјановски.

26-годишниот Силјановски доаѓа од редовите на Саса Каменица, а претходно во својата кариера има настапи и за Тетекс.

Претходно Беласица се засили и со дефанзивецот Арбен Тафа, како и Антонио Каланоски и Бразилецот Робсон Да Силва.

Се вчитува...