Беласица ја потврди оставката на Ване Милков

Струмичкиот фудбалски прволигаш, Беласица кој има големи проблеми во сезонава во која е повратник во елитното друшто ги потврди најавите дека досегашниот тренер, Ване Милков си заминува од позицијата. Според клупското соопштение објавено на социјалните мрежи, Милков не го напушта клубот тука ќе ја преземе позицијата на технички директор.

Клубот најавува дека на утрешниот натпревар од Купот на Македонија против ФК Росоман, екипата ќе ја предводи помошникот Александар Василев. Од Беласица велат дека во следниот период ќе биде објавено името на новиот предводник на екипата.

Во следното првенствено коло, Беласица ќе се соочи со Вардар. По шест оидграни кола во домашниот фудбалски шампионат, Беласица е најслабиот тим во лигата, без победа, без бодови и со само еден постигнат гол наспорти 17-те примени.

 

 

Се вчитува...