Беласица ја совлада Преспа за победа број 10 во Втората лига

Екипата на Беласица дојде до десетиот триумф во Втората лига, и до третото место на табелата. Попладнево на свој терен струмичкиот тим го совлада тимот на Преспа со 3-1.

Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, откако на полувремето беше 0-0, а струмичани ја оправдаа фаворитската улога.

Беласица со овој триумф има 31 бод, и се пласираше на третото место пред Охрид, но Охриѓани имаат два меча помалку, и имаат големи шанси да се дојдат до есенската круна во Втората лига. Преспа, пак, со девет бодови остана на 14 место на табелата.

Се вчитува...