Второлигашот Беласица остана без тренер, откако клубот се реши да се раздели од Александар Стојанов, кој ја извршуваше функцијата шеф на стручниот штаб на клубот од Струмица.
Оваа смена доаѓа по двата последователни порази на тимот, со што клубот падна на третото место на табелата.
„Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на нашиот тим. Клубот му се заблагодарува на Стојанов на соработката, и му посакува многу успеси во понатамошната кариера“, стои во објавата на ФК Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

