Беласица со реакција: Бараме само ист критериум, зошто се омаловажува клуб со 103 години традиција

Раководството на ФК Беласица преку соопштение на официјалната фејсбук-страница реагира на арбитражата на денешниот пораз од Новаци.

Според струмичани, главни „виновници“ за ваквиот исход се судиите, кои во неколку клучни моменти донеле одлуки против Беласица.

„Дали Беласица му смета на некому? Дали клубот кој е синоним во македонскиот фудбал и клуб со 103 годишна традиција заслужува некој со своите одлуки така ниско да го омаловажува???

Беласица клуб која сака и бара само исти критериуми и секогаш се борела чесно на зелениот терен… Дали вака ги губиме и тие многу малку спонзори во нашиот фудбал кои од љубов вложуваат??? Прашања кои бараат одговор???

Ова се дел од кардиналните денешни грешки(недосуден пенал во 8 мин.и поништен гол во 60 мин.) кои главно влијаеа на конечниот резултат на натпреварот денес против екипата на Новаци…

😢😢😭😭“, гласи соопштението на струмичкиот второлигаш.

 

Се вчитува...