Беласица убедлива против Тиквеш на тестот во Струмица

Фудбалерите на Беласица убедливо со 3-1 славеа против второлигашот Тиквеш на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Во вториот контролен натпревар летово и за двете екипи, струмичани триумфираа со погодоците на Радојчиќ, Тафа и Истатов. Единствениот погодок за Тиквеш го постигнал Ѓорѓи Мојсов.

Следниот тест натпревар на Тиквеш е на 24. јули против Работнички.

Се вчитува...