Белингем до Ромеро: Кога си во друштво на Меси многу зборуваш, а сега…

Имаше многу тензија на мадридското дерби на стадионот „Метрополитано“.  Атлетико победи со 2-1 против Реал Мадрид, но натпреварот беше одбележан и со голема тензија, вербални конфликти и контроверзни ситуации. Играчот од средниот ред на Реал, Џуд Белингем, се најде во неколку такви судири.

Тој имаше неколку конфликти со аргентинските фудбалери на Атлетико, а особено се издвоија оние со Кристијан Ромеро и Џулијано Симеоне.

Белингем и Ромеро беа во центарот на вниманието по еден остар дуел во првото полувреме, кога Ромеро го згази Белингем, а судијата Ортиз Ариас ја промени својата првична одлука по интервенцијата на ВАР и му покажа жолт картон на Аргентинецот. Но, тука не заврши сe.

Шпанските и аргентинските медиуми исто така направија реконструкција на сe што се случи потоа. Во еден момент Белингем, според објавената реконструкција на разговорот, се осврна на односот на Ромеро со Лионел Меси.

„Многу зборуваш кога си со Меси, но овде воопшто не“, наводно рекол Белингем.

Се вчитува...