Белингем ја избра „5“ во Реал Мадрид

Англискиот фудбалски репрезентативец Џуд Белингем денеска беше промовиран како ново засилување на најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид.

Откако Реал Мадрид и Борусија Дортмунд преговараа веќе подолго време, успеаја да се договорат за загарантирани 103 милиони евра, плус дополнителни клаузули што можат да достигнат максимум 30 милиони евра плус за тимот од Дортмунд.

Белингем во Мадрид ќе го носи дресот со број 5.

Се вчитува...