Фудбалската репрезентација на Белорусија го одработи официјалниот тренинг на „Телеком Арена“ во Скопје, во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Македонија. Селекторот Игор Криушенко има мали проблеми со повредите на Шитов и на Филипенко, кои беа стартери во убедливиот пораз (0-4) на гостувањето во Шведска, а вели дека Македонија е селекција која игра со брзи противнапади и во својот состав ги има Горан Пандев и Илија Несторовски, напаѓачи од Серија А.
Иако се работи за пријателски меч, и Белорусите му приоѓаат сериозно, со желба да се рехабилитираат по поразот од Шведска. Мечот се игра утре, со почеток во 18 часот, на нашиот најголем стадион…
[new_royalslider id=”560″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА