Белорускиот џин наместо за Вардар, потпиша за Кјелце

Владислав Кулеш својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Кјелце, иако сериозен интерес за овој белоруски ракометар покажуваше и раковдството на Вардар.

„Црвено-црните“ на почетокот од годинава се споменуваа како една од опциите за белорускиот „џин“ (200 сантиметри), но тој на крајот ја избра Полска за своја следна дестинација во кариерата. Тој досега настапуваше за белорускиот тим СКА, но Кјелце се договори да плати отштета за Кулеш на самиот почеток од следната сезона да пристигне во редовите на полскиот првак.

„За мене тој е еден од најголемите таленти во европскиот ракомет, со нетрпение очекувам да го видам во нашиот клуб“ – изјави првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас.

Кулеш заминува во Кјелце заедно со Лука Циндриќ, кој уште во текот на минатото лето го договори својот трансфер од редовите на Вардар.

Се вчитува...