Монако стигна до победа на гостувањето кај Анже од 0-1 во натпревар од 34. коло во француската Лига 1. Херој за „кнезовите“ беше Бен Једер кој во 79. минута на асистенција на Фофана го постигна голот вреден три бода.
Со овој триумф Монако се искачи на втората позиција на табелата со 71 бод, односно еден помалку од моменталниот лидер ПСЖ. Вечерва во дербито на колото ќе играат Лил и Олимпик Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА