Бенфика со порака до Реал: Ако го сакате Мурињо…

„Денот Д“ во Мадрид се ближи, не само што Реал ќе добие ново/старо раководство, туку ќе се знае и кој ќе седи на клупата на кралскиот клуб следната сезона.

Флорентино Перез вети дека ќе го доведе Жозе Мурињо како дел од неговата претседателска кампања, но сегашниот клуб на португалскиот тренер истакнува дека постои само еден услов што мора да се исполни.

Бенфика излезе со официјално соопштение и го откри својот услов:

„Флорентино Перез ја изрази својата намера да го доведе Жозе Мурињо на тренерската позиција на Реал Мадрид, доколку тој победи на изборите. Во случај да се случи тоа сценарио, ангажманот ќе биде можен доколку се плати сумата од 15.000.000 евра, што е клаузулата во сегашниот договор“, стои во соопштението на Бенфика. 

Мурињо има договор со Бенфика до 2027 година.

Се вчитува...