Бензема јавно проговори за кавгата со Жиру

Карим Бензема за Европското првенство ова лето се враќа во репрезентацијата на Франција, откако последен пат беше дел од селекцијата во 2015 година. Најдобриот француски напаѓач во изминатите години не беше дел од репрезентацијата поради скандалот со Валбуена. Сега тренерот на Франција, Дидие Дешамп одлучи да го врати и таквиот негов потег беше дочекан со огромно одобрување од француската јавност.

Медиумите по враќањето на Бензема пишуваа за односот помеѓу него и Жиру со оглед на тоа дека едно време и јавно си испраќаа провокации еден кон друг. Ќе потсетиме пред извесен период кога беше запрашан за своите и квалитетите на Жиру, Бензема одговори дека картинг не може да се споредува со Формула 1.

Бензема сега порача дека нема никаков проблем со Жиру, но повторно јавно не упати извинување кон неговиот колега.

„”Се сретнавме кога играв против Челси. Разговаравме и сè е во ред. Тој ми честиташе на голот на првиот натпревар. Имаме добри односи и сè е во ред. Веќе игравме заедно и сè ќе биде како порано”, рече Бензема.

Се вчитува...