Бензема: Мбапе? Не сакам да зборувам за ситници…

Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема денеска зборуваше за одлуката Килијан Мбапе да не замине во Мадрид, и да остане во ПСЖ. Фудбалерот, исто како и неговиот тренер Карло Анчелоти, не коментираше многу за одлуката на неговиот соиграч од репрезентацијата.

Напаѓачот на „кралевите“ кажа дека е крајно фокусиран кон финалето во Лигата на шампионите.

„Мбапе? Ќе ви кажам дека во сабота играме финале во Лигата на шампионите. Сега не е време за разговор околу ситници. Не би зборувал за тоа. Не сум лут, фокусиран сум на Лигата на шампионите, што е многу поважно од било што друго“, рече Бензема.

Напаѓачот на Реал со 15 голови е најефикасен во Лигата на шампионите, порача дека не се чувствува предаден што Мбапе не дошол.

„Секој одлучува за себе. Јас мирно се подготвувам за сабота“, рече Бензема кој додаде дека фотографијата со „Тупак“ на неговиот „Инстаграм“ не била наменета за Мбапе.

Се вчитува...