Бензема: Ми помогна заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид

Карим Бензема синоќа повторно прикажа одлична игра во финалето на Суперкупот на Европа, постигнувајќи гол во победата на Реал Мадрид над Ајнтрахт Франкфурт (2-0). Ова беше 324. гол за Французинот во дресот на Реал.

Бензема сега се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци на шпанскиот клуб, зад Кристијано Роналдо кој има постигнато неверојатни 450 голови.

„За мене се беше поинаку откако Кристијано Роналдо го напушти Реал. Точно е дека постигнав многу повеќе голови, но кога тој беше тука имавме поинаков стил на игра, повеќе асистирав. Тој навистина ми помогна на теренот и надвор од него. Знаев дека можам многу повеќе, а кога тој замина време беше да ја сменам играта, да ги сменам амбициите и во моментов ми оди добро“, изјави Бензема.

Реал новата сезона во Ла Лига ќе ја започне в недела во 22 часот со гостување во Алмерија.

 

 

Се вчитува...