Бензема со гол се збогува од „Бернабеу“, Столе и Рајо поразени од Мајорка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа реми 1-1 против Атлетик Билбао во последниот натпревар сезонава во шпанската Ла лига.

Гостите на крајот со ова реми ги загубија шансите за Европа, додека Реал Мадрид на прекрасен начин се прости од Карим Бензема кој денеска го одигра последниот натпревар за „кралевите“. Токму Французинот беше стрелец на погодокот за израмнување (1-1) во 72. минута, откако Билбао претходно поведе преку Сансет во 49. минута. За издвојување од овој меч е и промашениот пенал за Баскијците, откако Весга не реализираше во 10. минута.

Барселона, Реал, Атлетико и Реал Сосиедад заедно со освојувачот на Лига Европа Севилја следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Во Лигата на Европа Шпанија ќе ја претставуваат Вилјареал и Реал Бетис, додека Осасуна ќе игра во Конференциската лига.

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано со пораз од Мајорка (3-0) ја завршија годинашната сезона во Ла лига. Столе Димитриевски повторно беше стартер за својот тим, но беше заменет во 84. минута со Диего Лопез кој на отворена сцена се прости од мадридскиот клуб.

Резултати Ла лига 38. коло: Реал Мадрид – Билбао 1-1, Реал Сосиедад – Севилја 2-1, Вилјареал – Атлетико Мадрид 2-2, Мајрока – Рајо 3-0, Осасуна – Жирона 2-1.

Се вчитува...