Берат Јакупи носи злато за Македонија од Медитеранските игри

Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои златниот медал во категоријата до 84 килограми на Медитеранските игри во Тарагона. Тој имаше одлични настапи, ги совлада Мерис Муховиќ (БиХ), Микеле Мартина (Италија) и Дејан Цвркота (Србија), а во бобрата за најсјајното одличје на карате турнирот во Тарагона го совлада францускиот каратист Жеси да Коста. Овој одличен настап на Берат Јакупи е најава за одлични резултати на олимпискиот стипендист и во пресрет на Олимписките игри во Токио 2020.

Борба за бронзен медал ќе има Жарко Арсовски во категоријата над 84 килограми. Тој во полуфиналната пресметка загуби од Алжирецот Хосине Даики, но претходно беше подобар од Филипе Реис од Португалија.

Се вчитува...