Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа од 2-1 против Ференцварош во пријателски натпревар одигран во рамките на летните подготовки за новата сезона. Тимот предводен од Жозе Мурињо стигна до втор триумф во подготвителниот период, по претходната победа над Леганес и ремито против Фиорентина.
„Кралевите“ поведоа со 1-0 во 41. минута преку младиот Марио Ривас, кој донесе предност за мадридскиот состав пред заминувањето на полувреме. Само четири минути по почетокот на вториот дел, Еспи ја искористи асистенцијата на Федерико Валверде и го зголеми водството на 2-0.
Ференцварош успеа да намали во 57. минута преку Кодро, кој го постигна единствениот погодок за унгарскиот тим и ги постави конечните 2-1. На овој натпревар во дресот на Реал Мадрид дебитираше и новото големо засилување, Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
