Бернат останува во ПСЖ до 2025 година

Шпанскиот фудбалер Хуан Бернат го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до 2025 година, потврдија од францускиот шампион. 28-годишникот на „Паркот на принцовите“ стигна во 2018 година од Баерн Минхен.

Бернат е надворд од терените од септември минатата година кога на мечот против Мец доживеа тешка победа на коленото.

Тој досега за „светците“ забележа 76 настапи на кои постигна шест гола, а имаше и десет асистенции. Претходно нов договор со тимот од Париз потпиша и Анхел ди Марија.

Се вчитува...