Бeрокал го одреди составот за натпреварот со Австрија

Македонската кошаркарска репрезентација ги привршува подготовките во Виена пред првиот натпревар од втората рунда на претквалификациите за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.

„Црвено-жолтите“ утре ќе се соочат со Австрија, во натпревар кој може да има големо значење во борбата за првото место во групата.

Македонија во Виена пристигна во одлично расположение, со серија од шест последователни победи во претквалификациите. Избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал сакаат да ја продолжат победничката низа и со нов триумф да направат важен чекор кон пласманот во квалификациите.

Австрија, пак, лошо ја започна оваа фаза. Домаќинот претрпе пораз од Кипар на првиот натпревар, па против Македонија ќе има дополнителен мотив да стигне до позитивен резултат.

Берокал за овој дуел нема да може да смета на Андреј Јакимовски. Кошаркарот остана во Италија поради обврските со својот нов клуб Наполи и нема да биде во составот за натпреварот во Виена.

Ростерот на Македонија за дуелот со Австрија

Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Валмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Мозес Рајт

Се вчитува...