Македонската репрезентација од попладнево е во Виена, каде „дрвено-жолтите“ в недела ќе излезат на мегдан со Австрија на својот прв меч од новиот преткалификациски циклус.
„Црвено-жолтите“ вечерва го одржаа и првиот тренинг во австриската престолнина, а селекторот Берокал пред поаѓањето го скрати списокот на кошаркари кои се во комбинација за настап в недела.
Во однос на првичниот список отпаднаа Кристијан Николов и Петар Бошалески, кои поради вирус на тренираа последните денови и воопшто не се најдоа меѓу патниците за Виена.
Македонската репрезентација пристигна со 12 кошаркари во составот, а утре ќе биде познато дали во составот ќе го имаме Андреј Јакимовски, кој веќе ги стартуваше подготовките со новиот клуб Наполи.
- Ненад Димитријевиќ
- Виктор Ташовски
- Виктор Ефремовски
- Војдан Стојановски
- Лука Стојановски
- Адем Мекиќ
- Андреј Јакимовски
- Стојан Ѓуроски
- Лејсон Зеќири
- Валмир Какруки
- Резарт Мемед
- Тома Стојаноски
- Мозес Рајт
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
