Бесарт Ибраими и Арменд Алими во Шкендија до 2022

Шкендија успеа да ги сочува двајцата искусни фудбалери Бесарт Ибраими и Арменд Алими. Напаѓачот кој ги урива голгетерските рекорди во македонскиот шампионат и фудбалерот за врска од кого зависи играта на целиот тим на Шкендија потпишаа нови договори и се „заколнаа“ на верност до јуни 2022 година.

„Шкендија е моја страст и немав многу дилеми дали да го продолжам договорот иако имав и некои други понуди. Се уште сум гладен за голови и се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Бесарт Ибраими.

Арменд Алими шест години е веќе во Шкендија и ќе продолжи да го носи дресот на тетовскиот клуб.

„Шест прекрасни години исполнети со трофеи и многу убави моменти на домашна и на европска сцена создадоа огромна поврзаност меѓу мене и Шкендија. Одлучив да ја продолжам соработката и за наредниот двегодишен период и сега се фокусираме на следните искушенија“, изјави Арменд Алими.

Се вчитува...