Бесарт Ибраими потпишува со Шкупи!?

Најдобриот во историјата на македонскиот шампионат, Бесарт Ибраими е пред враќање во Македонија и потпис со новиот шампион, Шкупи. Екс-фудбалерот на Шкендија треба да биде засилување за тимот од Чаир за квалификациите во Лигата на шампионите, во кои ќе настапи новиот шампион на Македонија летово.

Ибраими минатата година ја напушти Шкендија и потпиша за грчскиот Ксанти каде настапуваше сезонава.

Во игра за потписот на искусниот напаѓач е и албанскиот Партизани.

Се вчитува...