Беше легенда на Баерн и на Германија, а сега ќе води клуб од општинска лига по загубен облог

Некогашниот ас на Баерн Минхен и на германската фудбалска репрезентација, Марио Баслер е новиот тренер на Туркгучу Оснабрик. Станува збор за клуб од општинската Лига, кој се бори да влезе во ранг погоре. Интересно е тоа што Баслер мораше да ја прифати оваа улога, откако загуби облог од близок пријател.

Баслер во минатото го носеше дресот на Баерн Минхен, со кој освои три титули во Бундес-лигата. Во 1996 година со Германија стана европски првак.

Играчот од средниот ред има мала тренерска кариера тренирајќи ги Регенсбург, Кобленц, Ајнтрахт Трир, Бургхаузен, Рот Вајс Оберхаузен, а последен клуб му бил Рот Вајс Франкфурт. Беше и спортски директор на Локомотива Лајпциг, и член на раководството во Ајзенберг.

Се вчитува...