Стерлинг Браун се претстави пред литванската јавност на „денот за медиуми“ на Жалгирис и притоа истакна дека „минатата сезона владеел целосен хаос околу Партизан“.
Американецот во Жалгирис ги пренесе негативните искуства од Белград. Тој им кажа на новинарите во Каунас дека не било лесно да се остане професионалец среде сите тие случувања.
„Тоа не беше лесна година. Пред се, од психолошки аспект. Тројца различни тренери во една сезона, многу нови играчи кои влегуваа во ротацијата и доаѓаа во тимот… Беше многу тешко да се задржи целосниот фокус и да се бориш за победа на секој натпревар, а истовремено да го следиш сето она што се случуваше во клубот, како на теренот, така и надвор од него. Тоа беше момент на целосно психолошко празнење за целиот тим. Не знам како поинаку да го опишам, освен како целосно емоционално прегорување. Кога околу вас владее хаос, мора да најдете начин да останете фокусирани и професионални, а тоа не беше лесно“, изјави Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
