Бесплатен влез за Македонија – Чешка

Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука влезот за претстојниот квалификациски натпревар на ракометарките против Чешка да биде бесплатен. Нашите ракометарки веќе отпатуваа за Шведска, каде утре ќе се сретнат со силната скандинавска селекција, по што в сабота ги очекува домашниот натпревар со Чешка во рамките од квалификациите за ЕП 2020.

„Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската женска селекција во сабота (28.09.2019) во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје, ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Чешка. Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, натпреварот почнува од 18:00 часот, влез слободен“ – објави куќата на ракометот.

Селекторот Симовски реши да ја подмлади репрезентацијата во пресрет на новиот квалификациски циклус, а јасно е дека на „црвено-жолтите“ ќе им биде неопходна поддршка од трибините доколку сакаат да ја изненадат Чешка.

Се вчитува...