Синоќешните пријателски натпревари донесоа изненадувачки исходи, откако англискиот првак Арсенал и европскиот шампион ПСЖ загубија на дуелите со шпанските Бетис и Мајорка.
Арсенал без голем дел од своите ѕвезди одигра потпросечен меч на дефанзивен план, примајќи три гола во првото полувреме и губејќи со 1-3 од Бетис. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, Бетис поведе со 0-2 преку Рикелме и Деоса, на 1-2 во 31. минута намали Хинкапие, но шпанскиот состав се врати на „плус два“ кога Форналс стрелаше прецизно на две минути пред крајот на полувремето.
ПСЖ доживеа неочекуван дебакл на гостувањето против Мајорка губејќи лесно со 0-3, меч на кој Луис Енрике можеше да смета само на Кварацхеија и на Сафонов од своите вообичаени стартери во тимот на „светците“.
Зито ја донесе Мајорка во водство, на 2-0 во 39. минута зголеми Вирџили, а конечните 3-0 беа дело на Раило по пет минути игра во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
