Бетис го победи Елче и стави „печат“ на ЛШ (ВИДЕО)

Бетис идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако успеа да дојде до петтата позиција на табелата победувајќи го Елче со 2-1, и користејќи го „киксот“ на Селта која загуби од Леванте на домашен терен. Така Бетис се стекна со седум бодови предност на две кола до крајот на шпанската Ла Лига.

Кучо Хернандез донесе предност за Бетис во 9. минута. Форт израмни, и тоа беше резултат на полувремето.

Форналс во 68. минута донесе нова предност за Бетис и конечен триумф, за ставање на „печат“ на Лигата на шампионите. Треба да се напомене дека Бетис имаше и играч повеќе од 49. минута откако Петро доби црвен картон за гостите.

Се вчитува...