Бетис го претстави Мануел Пелегрини

Искусниот чилеански стратег Мануел Пелегрини е претставен како нов тренер на шпанскиот прволигаш Бетис. Како што беше најавувано минатите денови, Бетис денеска потврди дека Пелегрини е новиот избор за тренер.

Чилеанецот потпиша договор со шпанскиот клуб до 2023 година. 66-годишниот стратег последниот ангажман го имаше на клупата на Вест Хем, а претходно во кариерата ги водеше и Вилјареал, Малага, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

 

Се вчитува...