Бетис го сака Мануел Пелегрини на клупата

Шпанскиот прволигаш Бетис влезе во преговори со чилеанскиот стратег Мануел Пелегрини. Раководството на „зелено-белите“ од Севилја посакува искусниот Пелегрини да го преземе тимот од следната сезона. Како што откриваат шпанските медиуми, разговорите се во завршна фаза, а заедно со Пелегрини во Бетис би пристигнал и неговиот прв соработник Марио Хусилјос.

Пелегрини минатиот декември доби отказ од англискиот премиерлигаш Вест Хем, претходно беше на кормилото на кинескиот клуб Хебеи форчун, а во богатата кариера ги водеше и Манчестер Сити, Реал Мадрид, Вилјареал, Ривер Плата, Сан Лоренцо…

Бетис имаше големи амбиции оваа сезона во Ла Лига, но не успеа да избори пласман во европските купови. Во моментот е на 13.позиција, не е загрозен за опстанок во елитата, но клупските аспирации беа многу поголеми.

 

Се вчитува...