Бетис си реди „минималци“ и им дише во врат на Барселона и Реал

Фудбалерите на Бетис во шестото коло во Ла Лига ја оствари петтата победа. Последна жртва на Бетис е Хетафе кој е совладан со минимални 1:0.

Интересно е што сите три меча кои Бетис ги играше пред своите гледачи на стадионот „Ла Картуха“, ги доби со идентични 1:0.

Овој пат трите бода ги донесе Езалзули со голот во 45-та минута.

По шест кола, Бетис има 15 бодови и се наоѓа на делба на второто место со Реал Мадрид, додека лидер е Барселона која има максимални 18 бодови.

Се вчитува...