Бетис со крупни чекори кон Лигата на Европа (ВИДЕО)

Немаше проблеми Бетис во дуелот со Овиедо во 34. коло во шпанската Ла Лига. На крајот „зелено-белите“ славеа убедлив триумф од 3-0, и се доближија на чекор до пласман во Лигата на Европа идната сезона, додека Овиедо сега има само теоретски шанси да дојде до опстанок.

Чучо Хернандез во 22. минута го поведе Бетис кон трите бода, а Езалзули во 45. минута зголеми на 2-0.

Во вториот дел во 58. минута Хернандез со уште еден гол стави точка на победата на домашните.

Се вчитува...